Денес во Град Скопје се одржа седница на која уште на самиот почеток работите ескалираа.
Имено градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и претседателот на Советот на Градот, Трајко Славески се скараа за копче од микрофонот на говорницата и седницата за советнички прашања се претвори во циркус.
Арсовска со подвижен микрофон отиде на говорницата за да му се обрати на Славевски, кој, пак, ѝ го одзеде правото на збор и даде нова пауза од 15 минути затоа што го кршела деловникот.
Таа го нарече Славевски ,,Хитлер”, ,,деспот”, ,,тиранин”, ,,ситен криминалец”…
Градоначалничката го обвини Славески дека се изживува кон говорниците и кон неа.
Славески ја прекина седницата за советнички прашања и ја презакажа за 14 ноември во 11 часот.