Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, на својот ФБ профил, сподели видео-приказ за реализацијата на активностите во изминатата работна недела.
„Преземените активности од оваа работна недела особено ме радуваат бидејќи низ нив ја гледам сплотеноста, колегијалноста и здружувањето на силите со сите чинители во исполнување на нашите цели. Зад нас е уште една успешна недела, а пред нас уште многу храбри чекори кои ќе нè донесат до општество без корупција“, порача Николовски.