(ВИДЕО) Николовски: Започнуваме со расчистување на наследените долгови

-Започнуваме со расчистување на наследените долгови. Неплатените членарини во Меѓународните организации со кои се наруши имиџот на Македонија, го доведоа под закана правото на глас во Меѓународните организации за развој на земјоделството. За само еден месец плативме 31 илјади евра за членарина во ФАО, а од денеска почнавме процедура за плаќање на долгот во Меѓународната организација за вино, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

-Поранешните министри и заменици министри трошеле пари од службени картици по бутици, маркети, ресторани, спа центри, а не ги плаќале долговите кон меѓународните организации и институции каде Македонија е членка, потенцира Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e