(ВИДЕО) Николовски: Задругарството ќе биде основа за развој на земјоделската политика

По повод Меѓународниот ден на задругите денеска присуствував на конференцијата под мотото „Задругите осигураат дека никој не е изоставен“, организиран од Асоцијацијата на земјоделски задруги, на која што за прв пат се сретнав со претставници од земјоделските задруги од земјава. Целта на конференцијата беше да се слушнат ставовите на претставниците на задругите, со кои проблеми се соочуваат и какви имаат предлози имаат за решавање на истите. Од средбата произлезе дека изминативе 11 години, има многу напластени проблеми во оваа област за кои како Влада ќе понудиме конкретни решенија кои ќе се применат и во пракса, се со цел да развие задругарството во Македонија, како клучен фактор за земјоделците да можат полесно да реализираат крупни инвестиции, за воведување на современи технологии, но и за поголема конкурентност и сигурен пласман на македонските производи на домашните и странските пазари, изјави министерот Николовски.

Нашиот приоритет како Влада, е зголемување на земјоделските површини, приносот и квалитетот на земјоделските производи, што ќе значи и зголемување на приходите на земјоделците. Владата на Република Македонија ќе обезбеди годишна финансиската поддршка за земјоделството во износ од 160 милиони евра. Би сакал да изразам голема благодарност до делегацијата на Европската унија, за целокупната помош која што ја обезбедува во земјоделскиот сектор, а воедно и да ве инфомриам дека проектот за поддршка на земјоделските задруги поддржан од Европската унија во износ од 1,8 милиони евра, ќе започне со реализација наскоро, по изборот на партнер кој што ќе го спроведува проектот, додаде Николовски.

19477744_1997165713838291_1082080942211908996_o

19577480_1997165810504948_943575049350300500_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e