Генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 во интервјуто за ТВ Кочани зборуваше за: “Дали не се Македонци? Дали јазикот кој е признаен од Европската Унија не е Македонски? Дали сонот на Гоце, Даме и останатите чии имиња ВМРО безобразно ги злоупотребуваат, не е остварен?
„Нека не се коцкаат граѓаните со иднината и слободата. Нека не не враќаат во несигурност и страв. Ја имаме подршката од цела Европска Унија и НАТО зад себе. Мораме и МОЖЕМЕ да одиме напред.”
Ова е пораката за гледачите која ја дадов во интервјуто за ТВ Кочани, им благодарам што пројавија интерес.
Сите гласачи од третата изборна единица сметам дека ќе најдат причина зошто да го погледнат овој мој ТВ настап, за што им благодарам од срце“, истакна Николовски.