Скенирам сметки бидејќи со проектот #МојДДВ веќе две години заеднички се бориме против сивата економија и даночното затајување, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Со редовната исплата на повратот на средствата од ДДВ-то, ги враќаме парите назад кај граѓаните, ја зголемуваме довербата во институциите
Помагаме данокот на граѓаните да заврши онаму каде што треба, за да обезбедиме подобри услови и поефикасни услуги.
Честитки за успешниот проект на УЈП! МОЈ ДДВ!“, нагласи Николовски.
