(ВИДЕО) Николовски: Секој од нас сноси сериозна одговорност, сите мораме да ги почитуваме мерките и препораките поради состојбата со Ковид 19

“Здраво на сите.

Ви благодарам што одвојувате дел од вашето време да ме чуете. Навистина ми значи што имам можност да ви се обратам, да позборуваме на некои теми. Би сакал да е тоа во живо, но и ваква дружба е океј. И сакам да почнам од таму, од дружбата.

После долго време живеење со полициски час, пред извесно време добивме известување дека медицинските експерти препорачуваат олабавување на мерките. И сите бевме радосни. Сепак тоа не значи дека треба да престанеме да ги почитуваме мерките бидејќи мора да останеме многу внимателни.

Потполно ги разбирам сите тие кои се нервозни заради новиот полициски час. Прашањето е зошто се случи?

Очигледно постојат делови од општеството и луѓе кои мислат дека сето ова е некаква шега. Дека може слободно да си играат со сопственото и туѓото здравје. Па сите имаме родители! Сите имаме мајки, роднини и блиски кои се во години. Нели им се стега срцето при помислата дека можеби ним нема да им е ама баш ништо, но дека нивен родител може животот да го загуби од овој исклучително проблематичен вирус?

Очигледно има и такви луѓе. Е таквите треба да станат одговорни! Мора да има ред. Мора да се знае што се мерки, што е закон, и тој закон да е еднаков за сите веќе еднаш! Ни треба систем. Ни треба функционална држава! Систем кој е еднаков за сите, систем во кој граѓаните почитуваат закони, мерки, прописи… Секој од нас е еднакво важен, секој од нас сноси сериозна одговорност, сите мораме да ги почитуваме мерките и препораките поради состојбата со Ковид 19.

Здравствените работници и сите ние заеднички ја водиме оваа борба против вирусот.

Само што го слушнавме министерот Филипче на прес конференција на која кажа дека ситуацијата не толку вознемирувачка, но мораме да останеме крајно внимателни и крајно одговорни.

90 проценти од новозаразените се асимптоматски, кај членови на едно семејство од 10 позитивни само еден е со симптоми. Болниците се празни, но ајде да останат такви до крај!

Малку ли труд дадовме за конечно да се ставиме на прав пат? Со членството во НАТО сме во ситуација каде не треба да се грижиме за својата држава. Тоа е благодет која како македонци сме ја немале никогаш во историјата! Конечно сме безбедни да ја растеме државата и да ја јакнеме економски. И најважно од се – младите да останат тука, а нашите блиски низ светот да се вратат во своите домови.

Следат и предпристапни преговори, ќе ни се отворат врати што секогаш за нас биле затворени во минатото.

И наместо да одиме напред сложно, ние имаме лидер на опозиција кому кафеаните и теретаните му се поважни од здравјето на граѓаните.

Ако си на водечка позиција во една партија, како што имам и јас чест да бидам генерален секретар, тогаш си ти лицето на таа партија. Па така, тоа што го правиш е рефлексија на она во што веруваш, она за што се залагаш. И не ме чуди зошто Мицкоски вака постапува. Тој во ова негово однесување верува… Лани Мицкоски често кажуваше “Рибата мириса од главата”. И така е.

Тој е главата на партија која не почитува закони. Која луѓето ги дели на ваши и наши, која помага само ако имаш партиска книшка, која потплатува судии, се заканува на новинари, прави црни листи за отстрел, списоци, тепа невини луѓе и притвора неистомисленици… И најважно од се партија која не почитува закони.

Мицкоски јавно призна дека ги прекршил мерките наивно обидувајќи да се оправда дека не ги познавал протоколите, истите протоколи кои тој и неговата партија ги критикуваа.

Во јавноста се појавуваат информации за средбата што Мицкоски ја имал во затворениот дел од ресторанот, а не добиваме се уште одговор на прашањето со кого седел внатре?

Дали на иста маса со Мицкоски седел и Ален Зеќиров, добро познат како поранешен член на обезедувањето на Сашо Мијалков и личност на која и се судеше за прегазување човек?

Дали на истата маса седел и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање?

И ако е тоа така, јасно е зошто персоналот на ресторанот со часови не дозволувал пристап на инспекторите.

Во време на оваа страшно сериозна здравствено-економска криза Мицкоски свесно и немерно ги прекршува мерките и задолженијата и покажува однесување кое ни на сон не треба да му падне на памет на еден лидер на опозиција, да не правиме муабет за некој што се престставува како претендент за премиерска позиција.

Не се гради така здрав систем. Нека размисли добро министерот Наќе Чулев и нека направи разлика. Изборот му е едноставен – сака да го следи неговиот лидер во деликвентство, мангуплук, или сака да помогне и да си ја врши својата работа. Мора да има ред!

Има мерки и треба да има и казни! Секој што не го почитува законот треба да плати за тоа. Работи си ја работата министре и обезбеди го редот!. Гледате колку треба. Неколку дена мангуплук и непочитување на редот и ефектите се очигледни.

Разочаран сум и знам дека разочарани сте и вие. Со право. Но, верувам дека разумот ќе провлада. Кај сите нас. И верувам дека ова ќе е лекција за сите нас.” – изјави Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e