(ВИДЕО) Николовски: После оваа тешка година, во новата 2021 да влеземе со позитивни мисли и оптимизам за справување со пандемијата

После оваа тешка година, во новата 2021 да влеземе со позитивни мисли и оптимизам за справување со пандемијата, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Токму прославувањето на празниците во кругот на семејството, да биде нашиот заеднички придонес во оваа битка.
Да покажеме одговорност и почит кон сите чинители кои деноноќно се грижат за нашето здравје и за спречување на ширењето на коронавирусот.
Само така ќе го заштитиме здравјето на секој еден и ќе излеземе победници во оваа битка“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e