Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски истакна дека регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансиски текови на Западен Балкан кој го усвоивме, ги комбинира препораките на Европската комисија, ЕУ директивите и извештаите на регионалните и меѓународните организации за ефикасна и видлива борба против корупцијата и организираниот криминал.
„Со посебен фокус на спречувањето на перењето на пари и одземањето на имот, со заеднички напори, чекориме кон постабилен и побезбеден регион за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси“, посочи Николовски.
