Подготвуваме Закон за потекло на имот!
Имотот и капиталот ќе бидат предмет на проверка, а нелегално стекнатиот имот ќе биде конфискуван!
Нема недопирливи! Воведуваме ред, правда и дисциплина. – порачува вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, откако вчера соопшти дека е подготвена физибилити студија за Законот за потекло на имот, која, како што информираше вицепремиерот содржи компаративна анализа на меѓународни искуства за проверка на потеклото на имот и капитал, анализа на домашната правна рамка и досегашни искуства, детектирани слабости во институционалниот систем и идни насоки за креирање на новото законско решение.
-Веќе е формирана работна група која започнува со работа за подготовка на Законот за потекло на имот, соопшти Николовски.