Недозволиво е клучни институции да се соочуваат со недостиг од луѓе, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вчерашното интервју на телевизија Стар.
„Ќе посветиме особено внимание на засилување на виталните институции во борбата против криминалот, преку зајакнување на човечките ресурси и системски мерки.
Веќе се прави анализа и план за кадровско доекипирање на инспекциските служби, кои во овој период на пандемијата од вирусот КОВИД-19 преку контролите имаат важна улога во почитување на здравствените протоколи“, посочи Николовски.