Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, вчеравечер беше на терен со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат.
Николовски посочи дека инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на секоја уредба, одлука, протокол и мерка.
„Инспекторите, кои деноноќно се на терен и работат со полн капацитет, се една од клучните алки во спречувањето на ширење на вирусот.
Најголема поддршка на сите херои кои се вклучени во борба со коронавирусот ќе дадеме со доследно следење на едноставните правила:
не се групирај, носи маска, држи дистанца и миј раце“, истакна Николовски.