(ВИДЕО) Николовски: Ги вративме парите кај земјоделците кои ВМРО-ДПМНЕ им ги должеше со години

На вечерашната дебата во Топ тема на Телма помеѓу генералните секретари на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Николовски и Јанушев, неизбежна тема беше и земјоделието. Во тој поглед, Николовски како поранешен министер за земјоделство ги потенцираше реформите кои се направени во овој сектор.

“Наместо да ги даваме парите на споменици и панорамски тркала, ние ги вративме парите кај земјоделците – парите кои ВМРО-ДПМНЕ им ги должеше со години. Покриваме 30% од трошоците за „зелена нафта“, а до крајот на следниот мандат земјоделците ќе добиваат бесплатна зелена нафта – односно ќе покриваме 100% од трошоците.” – посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e