Водејќи се од начелото за рамномерен регионален развој, ги надградуваме слабостите со коишто се соочуваа Истокот и Североистокот, преку инвестиции во инфраструктурата, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Сите овие проекти се важни не само за подобрување на условите за жителите на овие региони, туку и за зајакнување на меѓународната трговија, обезбедување поволна бизнис клима за нови инвестиции, за развој на туризмот, што крајно резултира со развој на економијата и стопанството, како и подобрување на животниот стандард“, нагласи Николовски.
