(ВИДЕО) Ненајавена инспекција во Штипската болница, министерот се увери во мизерните услови

Екипи на Државниот санитарен и здравствен инспекторат викендов биле во ненајавена ноќна инспекција на Клиничката болница во Штип. Пред три недели, ТВ21 информираше за мизерните услови во оваа здравствена установа, а инспекцискиот тим се увери во тоа на самото  место. Според информациите, извршени биле контроли на Ортопедија, Хирургија, Очни и ушни болести, на Инфективно одделение  и Неврологија.

Министерот за здравство Арбен Таравари, потврди дека се воочени лоши хигиенски услови и пропусти во работата, но како што вели целиот извештај сѐ уште не е подготвен. Тој најави казни за сите менаџери кои лошо управувале со нивните клиники.

Пациентите кои ги затекна ТВ 21 пред болницата за Физикална терапија во Штип сведочат за мизеријата со која се соочуваат.

Освен сведоштвата на пациентите од клиниките на снимките кои ги обезбеди ТВ21 се гледаат паднати санитарни плочки, излупени ѕидови, ’рѓосани кади,  а подот поцрнет од нечистотија.

Инаку, пред неколку дена ненајавена инспекција посети неколку оддели на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при што биле утврдени лоши хигиенски услови и непочитување на професионалната етика од страна на здравствените работници.

Министерот Таравари изјави дека следната недела ќе ги објави сите извештаи од инспекцијата на клиниките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e