(ВИДЕО) Недески: Во време на криза Муцунски троши 38.000 евра за компјутери а се жали дека општината нема пари

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски парите на граѓаните, наместо на проекти, ги троши на луксуз, изјави за медиумите Љупчо Недески, претседател на СДММ Аеродром и советник во Советот на општина Аеродром.

„Скоро 38.000 евра потроши Муцунски за набавка на 35 скапи компјутери.

Еден компјутер чини и над 104.000 денари а Муцунски набавил пет такви компјутери.

Тоа е истиот Муцунски кој јавно се жали дека општината нема пари, дека нема да може да плати струја а во исто време троши 38.000 евра за компјутери“, истакна Недески.
„Уште еден доказ за расипништвото и недомаќинското работење на Муцунски, кој во првите сто дена од мандатот постави само еден легнат полицаец.

Други проекти во Аеродром не се реализираат.

И Муцунски како и Данела Арсовска знае само да се жали, да нуди изговори за неработењето, да бара пари од Владата додека општинските средства ги троши расипнички.

Општина Аеродром и нејзините граѓани не заслужуваат ваков градоначалник кој работи за лични и партиски интереси, против интересите на граѓаните“, посочи Недески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e