(ВИДЕО НАЈАВА) Вечерва во „360 степени“: Ќе оди ли Заев на избори без опозицијата?

Во емисијата „360 степени“ вечерва (18 мај 2020 г.) од 22 часот на ТВ Алсат објавуваме:

-Првична анализа по денешната лидерска средба – можно ли е Заев да реши да оди на избори пред летото без учество на најголемата опозициска партија;

-ДИК првпат во историјата прави обиди да набави изборен материјал и транспорт во транспарентни постапки – првите тендери се поништени, па реобјавени;

-Една недела по сторијата за полициското постапување за време на полицискиот час се вративме во Тетово и затекнавме уште похаотична состојба;

-Првенци во македонското судство не исклучуваат дека сите казни за непочитување на мерките во актуелната криза ќе завршат со амнестија; Од Јавното обвинителство не се согласуваат;

-Какви се последиците за локалната економија во Гевгелија поради затворената граница со Грција;

-„Саботажа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e