(ВИДЕО НАЈАВА) Еве што ќе гледате вечерва во „360 степени“ на ТВ Алсат

Во „360 степени“ на ТВ Алсат вечерва (24 февруари 2020 г.) од 22:00 часот:

-земјава првпат загуби случај во Стразбур за лице кое не е деловно способно, а чиј старател е самата држава – сторија за малиот Леон, кого народниот правобранител во 2014 г. го најде врзан за кревет во Заводот Бања Банско;

-по изјавата на Јани Макрадули за „алиекспрес-сензорите“ направивме теренско истражување: кој се мери загаденост на воздухот во земјава и дали сите јавно достапни податоци може да се прифаќаат со исто ниво на доверба;

-анализа: каде цели и каде ќе стигне ВМРО-ДПМНЕ со ставот против Договорот од Преспа;

-министерски состанок ЕУ-Западен Балкан во Солун: повик за одлука за преговори со Скопје и Тирана во март;

-анкета: ЕУ и НАТО или старото уставно име – што би бил изборот на граѓаните;

-„Саботажа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e