(ВИДЕО) Митрески: Раст на БДП од 13,1 отсто во вториот квартал, работите се менуваат на подобро

Работите се менуваат на подобро. Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев придонесоа да имаме стабилна, развојна и динамична економија, изјави на денешната прес-конференција Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

„Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат историски раст на Бруто домашниот производ од 13,1 отсто во вториот квартал.

Ова значи дека во првото полугодие од оваа година постигнат е раст на БДП од 5,6 проценти.

Според проекциите, годинава се очекува раст од 4,1 отсто за цела 2021 година , со очекувања извозот да забележи раст од 10,6 отсто, бруто-инвестициите раст од 8 проценти“, истакна Митрески.
„Истовремено, бележиме историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9 со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината.

Дополнително, просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари.

Сето ова е потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, потврда дека негативните последици од пандемијата се веќе надминати.

Како одговорна партија продолжуваме да градиме стабилна развојна и динамична економија која носи шанса за сите“, посочи Митрески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e