Годинава се оддржа 44 – тата Галичка свадба, манифестација каде на традиционален начин се враќа автентичнота на културата и обичите кои ги краселе македонците со векови наназад.
Годинава свадба во Галичник направија младоженецот Бошко Лепчевски и невестата Тања Чаловска.
Еден од гостите на манифестацијата беше и министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, каде впрочем министерството се јавува и како еден од спонзорите.
Како дел од манифестацијата се играат најразлични традиционални македонски песни и ора, а тука некаде го видовме и министерот Алаѓозовски, фатен во орото.
иПортал.мк преку свои читатели дојде до видео на кое се гледа како министерот во традиционална облека, фатен во оро ужива во прекрасната, македонска, изворна мелодија.

