(ВИДЕО) Марковска: Нелогично однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Однесувањето на пратениците на ВМРО ДПМНЕ во Собранието, според поранешниот член на оваа партија, Ѓулистана Марковска е нелогично и штетно, прво за самата опозиција, а потоа и за парламентот. Марковска во изјава за Алсат-М вели дека последните седници биле одржани според Деловникот, но ВМРО ДПМНЕ се обидувала да ја оддолговлекува работата.

Според неа ако ВМРО ДПМНЕ и натаму не формира пратеничка група, тогаш парламентарното мнозинство ќе има право според желба да ги избира членовите на парламентарните тела.

Неформирањето пратеничка група им дава право на 51 пратеник на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да може да настапуваат со индивидуални говори, со што се оддолжува расправата за предложените точки, како и усвојувањето на законите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e