Во време на енергетска криза градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски парите на граѓаните ги троши на непродуктивни трошоци, изјави на денешната прес-конференција Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.
„Преку два договори Општина Ѓорче Петров потрошила 354.000 денари или речиси 6.000 евра на чоколади, кроасани, сокови и чаеви.
Додека Стојкоски се жали дека општината нема пари, тој средствата од буџетот на општината ги троши на сокови, чаеви и десерти.
Едноставно, со Стојкоски се врати политиката „Немаме за леб а трошиме на чоколадо“ на Зоран Ставрески кој сега ја контролира работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Маркоска.
„Стојкоски бара помош од Владата жалејќи се на високите трошоци за електрична енергија а троши 6.000 евра на непродуктивни трошоци.
Ова почитувани е уште еден доказ за расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.
Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, наместо за интересите на граѓаните, функционерите, градоначалниците од оваа партија работат единствено за сопствените интереси“, посочи Маркоска.