Чаир конечно доби претседател на општинскиот совет. Станува збор за советничка од БЕСА, која со уште еден колега приврзаник на крилото на Билал Касами, им се придржи на ДУИ и СДСМ што беше доволно за мнозинство. Другите 6-мина советници од БЕСА, заедно со колегите од Алијанса за Албанците, ја напуштија денешната седница.
Пред предизвикот да избере претседател на Советот е и општина Тетово, каде пак е можно локалниот разгранок на Алијанса да влезе во коалиција со ДУИ и СДСМ.