(ВИДЕО) Костадиновска-Стојчевска: ВМРО-ДПМНЕ повторно го блокира законот со кој 4.700 наставници и стручни соработници во образованието добиваат трајно вработување

ВМРО-ДПМНЕ и како власт и како опозиција си поигрува со образованието, гази врз достинството на наставниците, изјави на денешната прес-конференција Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование, повторно ги блокираат измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат со блокади, откако пред еден месец со навреди, закани и обиди за физички напади се спротивставија на унапредувањето на образованието, решавањето на статусот на наставниците“, истакна Костадиновска-Стојчевска.
„ВМРО-ДПМНЕ е против 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување, наставниот кадар во основните и средните училишта да има правна и економска сигурност.

Блокадите и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречат реформите во интерес на граѓаните.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи наставниците, стручните соработници, ниту било кој друг граѓанин да биде заложник на антинародното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e