(ВИДЕО) Коста Петров: Со заедничка стратегија на иноваторите и експертите да направиме пресврт во економијата

–Моето влегување во Фoндот е логично продолжување на мојата визија – во Македонија има иноватори, еден нов бран на претприемачи, кои создаваат брендови, бизниси, за кои можеби многумина од нас не знаат, а го менуваат локалниот со потенцијал за да го променат и глобалниот свет. Јас сум благодарен на претходниот директор Деспотовски за одличната работа во Фондот, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ потпретседателот на СДСМ и вд директор на ФИТР, Коста Петров.

-Во моментов во Македонија имаме две реалности – едната е дека младите се иселуваат, но има една друга реалност – нов бран на млади македонски претприемачи кои покажуваат дека може и се успева од тука. Јас се надевам дека овие приказни ќе ги промовираме. Она што јас сакам да направам е да ги мотивирам овие луѓе, да ги споделам овие приказни, бидејќи најголем дел од нив успеале сами и да видиме како го направиле тоа, вели Петров.

-ФИТР како институција ја гледам како двигател во таа нова македонска развојна економија. ФИТР не е само агенција која нуди грантови, туку ќе работи со други институции, со администрација како таму да се донесат позитивни промени. Една приказна на ФИТР е успешно завршена – брендот е изграден. Она на кое што јас се надевам дека ќе успеам е да создадеме дијалог со македонските, интернационалните иноватори, со технолошки и финансиски експерти и да креираме една заедничка стратегија, бидејќи еден ваков пресврт во економијата не може да го направи само државата. Затоа во едно идеално општество каде иновациите се на врвот од агендата постои еден модел на одлична соработка на државата – академската заедница – приватниот сектор, смета Петров.
Целиот разговор со потпретседателот на СДСМ и вд директор на ФИТР, Коста Петров погледнете го во видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e