(ВИДЕО) Кој и како го оштетил буџетот на АХВ за сума од 800 илјади евра

Преку злоупотреба на службената положба до милионски загуби на годишно ниво во буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство. Обвинителството за организиран криминал испитува како буџетот во 2016-та во Агенцијата за храна година останал покус за 50 милиони денари , а увозот во споредба со претходната година не бил намален, дознава ТВ 24 од свои извори во обвинителството.

За споредба, во 2015-та година уплатата од увезена храна била 90 милиони денари, а лани 40 милиони денари.

Засега се води предистражна постапка и се следи текот на уплаќањата во буџетот. Се листаат документите од Царина и ветерина.

Според нашите сознанија злоупотребите биле правени преку уплаќањата , во царински склад или на граница. На пример во некои случаи наместо на уплатница парите често завршувале и како уплати од лично име. Во други случаи наместо задолжителната уплатница , шпедиторите им го давале износот во кеш на ветеринарите кои биле на смена. А тие суми биле незаконски уплаќани по завршувањето на смената или дури еден месец подоцна, многу често и од лично име како физичко лице.

Не само минатата година, изори од обвинителството за организиран криминал брифираат дека можно е злоупотребата на милионски суми да се случувала подолго време. Засега обвинителите имаат сомнежи за незаконско работење во изминатите пет години.

Дали актуелниот директор Зоран Атанасов во изминатите пет месеци откако е на чело на Агенцијата за храна бил информиран за евентуалните злоупотреби не успеавме да дознаеме, бидејќи бил на пат.

Недостапен беше и Зоран Поповски, кој му во јуни годинава му ја препушти функцијата на Атанасов. Неофицијално, пред промената на власта финансиската полиција влегла во Агенцијата за храна и ветеринарство по пријава на вработен и се чешлала документацијата, се барале злоупотреби за работата на дел од вработените распоредени на граничните премини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e