(ВИДЕО) Коциќ: Зад срамните протести стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица, СДСМ ги осудува нападите на лекарите и медиумите

СДСМ најостро ги осудува вчерашните протести, пораките, говорот на омраза, навредите кон докторите, медицинскиот персонал, но и новинарите и адвокатите, изјави на денешната прес-конференција Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

„Докторите и медицинскиот персонал кои неуморно се во првите линии во одбрана од корона вирусот се нашите херои кои заслужуваат длабока почит и благодарност. Медиумите и новинарите имаат клучна улога во навремено информирање на граѓаните и недозволиво е да се напаѓаат.

Не само пораките од овој срамен настан, самиот протест претставува загрозување на здравјето на граѓаните.

Протестот е уставно загарантирано право, но исто такво е и правото на здравје.

Здравјето на човекот е над се!“, истакна Коциќ.
„Организацијата на протестите во повеќе градови, иконографијата идентична со опозициските митинзи, политичките пораки против актуелни министри како и евидентно присутните членови и симпатизери на две политички партии покажуваат дека зад овие протести стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Секако поддржани од Бојкотирам.

Токму ВМРО-ДПМНЕ и Левица, беа против новите мерките за заштита на здравјето и за цело време од пандемијата делуваат спротивно на препораките, поттикнувајќи непочитување на мерките.

Со овој начин на делување ВМРО-ДПМНЕ и Левица се сериозна опасност по здравјето на граѓаните.

Лажните информации со кои некој упорно сака да ве одврати од вакцинацијата се на ваша директна штета, на штета на вашето здравје и на штета на здравјето на оние околу вас.

Масовната вакцинација е единствен начин за да се заштитите, да го заштитите вашето но и јавното здравје.

Ги повикуваме сите граѓани кои досега не се вакцинирале да го сторат тоа што поскоро. Вакцини има доволно.

Фактот што дури 90% од новозаразените последната недела се невакцинирани и исто толкав процент од хоспитализираните, е недвосмислена потврда за ефикасноста на вакцините.

Почитувањето на новите мерки за заштита на здравјето е исто така многу важно.

Веќе во многу држави е секојдневие да се бара ковид серитификат за влез во различни објекти или на настани.

Тоа не е дискриминација, туку одговорност и заштита на јавното здравје.

Да бидеме одговорни кон себе и кон другите, да дадеме свој придонес во оваа борба која е заедничка за целиот свет“, посочи Коциќ.
protestprotest1protest2protest3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e