Внатрешна ревизија во Министерството за земјоделство ќе ги проверува трошењата за луксуз и лични потреби кои ги направиле претходниот министер и неговиот заменик преку службената картичка. Ќе се бара од надлежните иснтитуции да го испитаат случајот.
„фактот што овие пари се трошени во странство за облека во скапи познати бутиви, говори дека тоа не се потреби на министерството и државата. Неможам да сфатам како може купување на облека за функционери е нешто што е потребно државата да го плати“, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На службената картичка што поранешните функционери ја користеле секогаш морало да има по 8 илјади евра а при секое трошење картичката се надоплолнувала со нови пари од министерсвото. Никловески вели досега не ја земал службената картичка, а трошоците за репрезентации ги плаќал од буџетот на министерството. Вели оти не помислува да троши за лични потреби.
„Имавме делегација предводена од досегашниот заменик премиер на Израел, имавмеработна вечера која ќе биде на сметка на министерството која чини 16 000 денари за 12 луѓе“, изјави Љупчо Николовски.
Поранешниот министер за земјоделство, Цветков, нити денеска не беше расположен да зборува прд камерите за начинот на кој трошел државни пари. Во кусиот телефонси разговор ни порача – да се занимаваме со проблемите во земјоделството, а не со него.
„Имавме службени картички и одредени правила како да ги користиме и ги користевме согласно овластувањата. “ – изјави Михаил Цветков.
За луксузирањата на државна сметка – од Основното јавно обвинителствозасега ебз конкретен одогвор дали ќе отворат случај. Ќе се произнеселе – утре. А Антикорупциска комисија пак, бара да и бидат доставени документите за да одлучат дали ќе отворат постапка. Од УЈП велат дека доколку некој од нив побара – тие ќе се вклучат во евентуални постапки.
„Може да го следиме работењето на поранешните функционери и може да го следиме ина актуелните. Ако имамебарање за давање на било какви податоци од некоја надлежна институција која ги следи овие процеси, стоиме на располагање“, изјави Сања Лукаревска, в.д. Директор на Управа за јавни приходи.
Поранешниот министер Цветков, преку службената картичка за една и пол година потрошил 1.500 евра само за гардероба или месечно трошел по околу 100 тина евра на државна сметка за да се облекува во бреднирани бутици. Во маркетите пак трошел по околу 75 евра месечно, а во хотелите Силекс и Кратис во Кратово месечно оставал по 150 евра или вкупно 2.700 евра.
Неговиот заменик Ванче Костадиновски, месечно само во рестораните во земјава трошел по околу 450 евра или за година и половина потрошил 8.000 евра, а во маркетите месечно остава по 70 евра. За бензин само од оваа картичка потрошил нешто повеќе од 2.000 евра.
Иако имале и Верна картичка, финкционерите и службената ја користеле за точење гориво.