(ВИДЕО) Јовановски: Во време на криза Стојковски троши 600.000 евра за партиски вработувања

Поминаа 10 месеци откако Стојкоски седна во градоначалничката фотелја, изјави Кристијан Јовановски претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров.

„10 месеци неспособност и партиски интереси наместо развој на општината и решавање на проблемите на ѓорчепетровци.

Овде имам два документи кои покажуваат дека ДПМНЕ и Александар Стојкоски имаат две лица, едно за во опозиција и друго кога се на власт“, посочи Јовановски.
„Ова е одлуката со која Стојкоски ги задолжи жителите на општина Ѓорче Петров за нови 600.000 евра, а ова е одлуката за 7 нови партиски вработувања.

За ДПМНЕ и Стојкоски кога се во опозиција општината е презадолжена и превработена,
а кога ќе дојдат на власт, уште во првата година ја заглавуваат општината со нови кредити и нови партиски вработувања.

Почитувани, Градоначалникот Стојкоски е Доктро по задолжувања, затоа што како Претседател на Совет и како Градоначалник најмногу ја има задолжено општината!“, истакна Јовановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e