(ВИДЕО) Јајоска: Арсовска да ги пренамени 670.000 евра за партиски вработувања за бесплатни летувања на деца

Благодарение на Здружението за хумано – општествен развој Проект Среќа и финансиската поддршка од Град Скопје стотици деца во изминатите години имаат можност бесплатно да летуваат и да се дружат на летниот камп, изјави за медиумите Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје.

„Но за жал, оваа година овој проект, за првпат не е поддржан од Град Скопје.

Додека Данела Арсовска ќе потроши 670.000 евра за стотици партиски вработувања во Градот, десетици дечиња од социјално загрозени семејства оваа година нема да имаат можност бесплатно да летуваат.

Еве уште една причина Арсовска да се откаже од парите за партиски вработувања и да ги пренасочи во благородни идеи и проекти кои значат помош на граѓаните“, истакна Јајоска.
„Арсовска исто како и другите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не работи во интерес на граѓаните, туку се грижи единствено за личните и партиски интереси.

Тоа е неодговорен и нечесен однос за граѓаните на Град Скопје, Арсовска секојдневно се потврдува како најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје“, посочи Јајоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e