(ВИДЕО) Герогиевски: Над 13.000 хектари државно земјиште доделено на земјоделците, инвестираме во домашното земјоделско производство

Во година во која цената на храната и земјоделските производи постојано расте, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство преземаат конкретни мерки за зголемување на домашното земјоделско производство, изјави на денешната прес-конференција Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Преку седум јавни огласи на располагање ставдни се вкупно 13.758 хектари државно земјоделско земјиште, за обработка на житни култури, за подигнување на долгогодишни насади и за производство на сточна храна.

Овие парцели земјоделско земјиште се распоредени низ целтата територија на државата со површини до и над три хектари.

Со тоа, секоја педа обработливо земјиште ја ставаме на располагање на земјоделците, за да се зголеми домашното производство и да се намали зависноста од увоз“, истакна Георгиевски.
„За да им се излезе в пресрет на земјоделците во овие комплицирани времиња, даваме поддршка за набавка на вештачко ѓубриво, помагајќи до 40% од трошоците на земјоделците, а парите за оваа поддршка земјоделците ги добиваат брзо во рок од 7 денови по аплицирањето.

За оваа мерка до сега исплатени се вкупно 86 милиони денари за 5.475 земјоделци.

Преку ребалансот на буџетот кој е изгласан во Собранието, обезбедивме дополнителни 3,2 милијарди денари за директна поддршка на над 45.000 земјоделци.

Овој земјоделски буџет има за цел расчистување на сите заостанати обврски кон земјоделците, а започнуваме и со авансна исплата на субвенциите во рок од 90 дена по аплицирањето.

Ова почитувани, се конкретни, навремени и ефикасни мерки кои на дело ја потврдуваат заложбата на СДСМ за помош и поддршка на домашното земјоделско производство.

Како одговорна партија, низ партнерски однос продолжуваме да реализираме мерки и проекти што значат поддршка за земјоделците и унапредување на условите за нивна работа“, посочи Георгиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e