(ВИДЕО) Георгиевска: ВМРО тендерска ДПМНЕ сака да го блокира изборот на уставни судии

„Со денови пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за прашањата за изборите и именувањата, на секој можен начин го блокираат изборот на нови уставни судии. Типично, за ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога се носат одлуки важни за правниот систем во државата, тие опструираат, блокираат, прават тензии, се закануваат. Така беше и при изборот на државен јавен обвинител, така беше и за Законот за јавно обвинителство, така е и сега кога треба да се бираат уставни судии“ обвини на денешната прес-конференција Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Таа посочува дека „повеќе од една недела во Комисијата гледаме, нервозно, вулгарно однесување на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои по секоја цена се обидуваат да го пролонгираат изборот на уставните судии. Како ВМРО-ДПМНЕ го замислува правниот поредок говорат и нивните предлог кандидати за уставни судии“.

„Ваквото неодговорно и несовесно однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета на судскиот систем во државата. Уставниот суд во моментов работи на граница на кворум, со пет од вкупно девет предвидени уставни судии“ вели Георгиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e