(ВИДЕО) Филипче: Мајката и синот од Велес биле починати во текот на март, а не во јануари

Министерот за здравство Венко Филипче извести дека завршил увидот на Институтот за судска медицина на лицата коишто беа најдени починати во нивниот дом, мајка и син. Кај мајката беше пронајден коронавирусот.

„Според сите анализи, состојбата на телата, амбиенталните услови, сите информации кои ги добија докторите од Институтот за судска медицина, констатирано е дека смртта настапила пред 3 до 5 недели од моментот на пронаоѓање, што е практично во текот на март, а не во јануари, како што иницијално тоа беше споменато“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e