На една од показните вежби на полициските сили кои вчера, по повод Денот на полицијата симулираа како изгледа напад и одбрана од непријател, една од димните бомби заврши на трибините кадешто седеа дипломатите и новинарите.
Ова е една од неколкуте причини што се случија вчера, поради кои СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.