(ВИДЕО) Додека пратениците се бореа за живот Климовски јавно на ТВ оправдуваше насилство

Новиот советник на лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, Александар Климовски, го одобрува обидот за убиство на пратениците во Собранието на 27 април, велат од СДСМ.
Универзитетскиот професор Александар Климовски, инаку син на Саво Климовски, јавно на телевизија го оправдуваше насилството на крвавиот четврток.

„Додека целата држава беше вознемирена од нападот на Собранието на 27 април, советникот на Мицкоски и син на Саво Климовски, Александар Климовски, јавно ги бранеше насилниците кои упаднаа во Собранието. Додека физички беа напаѓани пратеници, новинари и вработени во Собранието, во директен пренос, додека насилството се уште траеше, Климовски во телевизиско гостување поттикнуваше насилство и ги навредуваше пратениците на СДСМ и коалицијата.“ – велат од СДСМ.
„Пратениците од СДСМ сами си се криви. Ова сценарио беше креирано однадвор и изиграно одстрана на Заев. Ова е малоумна реакција на една пратеничка група која што нема политички сенс- марионети во рацето на една криминална врхушка“ – изјави тогаш Климовски.
Климовски е стратешки соработник на Мицковски за прашања од областа на корпоративното право.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e