Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров вечерва во интервју за Топ Тема на Телма зборуваше за конвоите и летовите преку кои македонските граѓани заглавени во странство се враќаат назад во државата. Досега 5000 граѓани побарале враќање дома – половина од нив се согласиле да одат во карантин, другата половина одбива.