Во соочување со својата противкандидатка, Гордана Силјановска, министерот за надворешни работи и носител на ИЕ 1, Никола Димитров ја запраша најпрво за статутот на Груевски како почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ како партија која стои зад неа, а потоа се надоврза и на Антонијо Милошоски кој е кандидат за пратеник, а истовремено поштар не може да го најде дома за му врачи покана за на суд.
„Вистина верувате во ова? П.С: За почесниот претседател, белким така ја информирале, оти дрскост е да се лаже јавно – Груевски се разбира се’ уште им е на тој пиедестал, денеска многумина од внатре тврдат дека нема промени во Статутот, како што впрочем се гледа и на нивниот сајт. – порачува Димитров.