(ВИДЕО) Детенце излекувано од тумор испратено со огромен аплауз од здравствениот тим

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил сподели видео од малиот пациент Теофан кој го победи ракот. Ѕвоното во хемато-онколошкото одделение го означи овој момент.

!Уште едно детенце излекувано од малигна болест на Клиниката за детски болести! Најголемиот смешко Теофан ја победи болеста и вчера си замина дома. Тој повторно ќе има среќно детство и ќе се дружи со другарчињата. Му посакувам секогаш да биде насмеан и силен како и досега. Браво за целиот тим на установата!“- напиша министерот за здравство Венко Филипче денеска на својот ФБ профил споделувајќи видео од испраќањето на малиот пациент од клиниката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e