Пратеничката на СДСМ,Рената Десковска денеска се обрати од пратеничката говорница со свое толкување во однос на предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, на 114 седница на Собранието на Република Македонија
“Како и сите реформи што ги прави коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и оваа наводна реформа, во најголем дел од одредбите е обична шминка. Шминка која што ќе падне уште првиот пат кога народниот правобранител ќе се соочи со игнорантскиот однос на институциите и пак ќе се открие големата лага на власта, која што сака да се прикаже дека нешто прави и само тоа да го штиклира во завршените задачи. Но, во суштина да не подобри ништо за граѓаните”- рече пратеничката.
Целиот говор може да го погледнете од видеото: