(Видео) Автомобил со момче качено на хауба и отворени врати вози низ Скопје

Видео стана вирално на социјални мрежи но не поради некое достигнување, туку поради безобразно и безобѕирно управување со автомобил од страна на млади момчиња.

На видеото објавено на неколку социјални мрежи се гледа како автомобил, без регистарски таблички и видно оштетен во предниот дел превезува неколку момчиња од кои едното е качено на хаубата, а второто (совозачот) ја има отворено вратата и стои на прагот од автомобилот.
Сето ова се случува на булеварот „Партизански одреди“ во Ѓорче Петров, најверојатно доцна навечер судејќи дека коловозот е празен.

На овој потег има неколку пешачки премини, но поради брзото возење тука не се реткост прегазувањето на пешаци, ниту пак судари помеѓу автомобилите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e