(ВИДЕО) 60 НОВИ СЕМЕЈНИ ВИНАРИИ ЗА САМО ЕДНА ГОДИНА: 100% поддршка на субвенции и 10.000 евра грант

Со новиот Закон за вино, кој ќе влезе во собраниска процедура ги решаваме сите проблеми на лозарите, со што ќе ја регулираме откупната цена на виното, посочи денеска на седницата за пратенички прашања, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
-Ова е прва година каде заедно со лозарите и откупувачите утврдивме пакет на поддршка за извоз на македонското вино. 148 милиони денари веќе се исплатени, пред крајот на откупната сезона кон винариите и откупувачите. Со новиот модел на субвенционирање ниту еден лозар не е оштетен. Сите оние кои произведуваат вино, и го предаваат во регистрирани капацитети, но и оние кои го користат за сопствено производство добиваат 100% поддршка на субвенции, потенцира Николовски.

Тој исто така повтори дека се обезбедени 10.000 евра грант за сите оние со сопствена идеја и план да можат да продаваат од праг, да прават вино, да формираат мали семејни локални бизниси.
-За само една година 60 нови мали винарии се формирани, ова е една успешна приказна и затоа и програмата за нивна поддршка продолжува. За вистинските лозари преку бројните мерки отвараме можност да се борат рамномерно и на домашните и светските пазари и со тоа да расте понудата но и извозот на македонското вино, одговори министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e