Стоматолошките проблеми ретко се животнозагрозувачки, но болката си е болка, макар и во епидемија на корона.
Ваквите поплаки веќе стигнаа и до министерот за здравство.
„Секој пациент што има итна потреба мора да биде примен во ординација и да биде саниран. Не да се дадат лекови, туку да се направи стоматолошка интервенција“, порача Венко Филипче на прес-конференција.
Иако Филипче најави дури и инспекции, и државните и приватните стоматолози велат – се знае што се подразбира под итно.
„Некои пациенти мислат дека се итни, а кога ќе ги прегледаме не се итни“, вели д-р Амела Цана, директорка на Стоматолошки клинички центар.
„Во голем број случаи и самото ставање лек е интервенција“, вели д-р Маријан Денковски, претседател на Стоматолошка комора
Кое итно е доволно итно за стоматолошка интервенција во време на ковид-19?
вукот од машината во стоматолошка ординација на многумина им предизвикува морници уште пред да ја почувствуваат. Но, кога забот ќе почне да боли, таа им е најголема надеж за скратување на маките.
„Прво пациентите што се јавуваа прашуваа дали ние бушиме заби или ставаме само лекчиња за да ја смириме болката“ вели д-р Горан Мишевски, приватен стоматолог чија ординација е дел од мрежата со Фондот.
Поради опасност од пренесување на ковид-19, турбината во моментов се користи само таму каде што мора бидејќи преку неа ширењето на аеросоли е најголемо.
Целата сторија на 360 степени погледнете ја во продолжение: