(ВИДЕО) 30 прашање со Манчевски: Најхрабро нешто ми е „27 април“

Најновото „30 прашања со Дамјан Манчевски“, министерот за информатичко општество и администрација е снимано рано наутро, во 5:10ч кога Манчевски минува извесно време во вежбање во теретана.

Открива дека најмногу има истрчано 21км, а кога би бил професионален спортист би се одлучил за кошарката.

 

Кога не би бил политичар, Манчевски вели би бил инжињер.

На прашањето што најмногу го изненадува, вели децата, секојдневно во позитивна смисла.

За свој најголем успех како министер ги смета националниот портал за е-услуги и дигитализацијата, а свој нахрабар потег „27 април со собранието“.

Најлудата работа што сум ја прочитал за себе е дека поседувам фирми во Грција, рече Манчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e