Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Република Унгарија во рамки на која ќе се сретне со државниот министер за европски работи при канцеларијата на премиерот и претставник на Република Унгарија во Европската Унија, Саболч Такач, како и со министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.
Османи од Унгарија ќе замине за Република Хрватска, каде на 28 мај (вторник) ќе се сретне со министерката за надворешни и европски прашања, Марија Пејчиновиќ Буриќ, како и со претседателот на Комисијата за европски прашања во хрватското собрание, Домагој Иван Милошевиќ.
Вицепремиерот Османи на 30 мај (четврток) ќе престојува во работна посета во Италија, а на 31 мај (петок) во Белгија. Во рамки на посетите предвидено е Османи да оствари повеќе средби со претставници на државниот врв од двете земји.