Миле Јанакиески, поранешениот министер за транспорт и врски, кој е осомничен во случајт на СЈО, Титаник, за изборните нерегуларности денеска на јавната расправа во Апелациониот суд побара да му биде вратен пасошот.
СЈО, пак побара да му се одреди притвор бидејќи во истрагата не се јавувал редовно на поканите на СЈО, па затоа постои можност да ја попречува и судската постапка.
Адвокатите на Јанакиески истакнаа дека сега пасошот на обвинетиот му е потребен за летни и зимски распусти, додавајќи дека е татко на три малолетни деца.
Јанакиевски е еден од обвинетите кои имаат најмногу обвиненија од различна природа за што му се заканува долгогодишна затворска казна.
Ако е за одмор може да оди некаде и во Македонија, малку колку за промена.
Ова со сигурност можеме да го прогласиме за виц на неделата