Венизелос: Недобивањето датум за преговори влијае негативно врз Грција

Поранешниот лидер на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), Евангелос Венизелос, кој во минатото беше вицепремиер, министер во повеќе влади, но и шеф на грчката дипломатија, анализирајќи ги последиците по Грција од ветото во ЕУ за старт на преговорите со земјава изјави дека неотпочнувањето пристапни преговори со Северна Македонија повлекува доцнење на вистинската внатрешна употреба на сложеното име

„Одбивањето на Европскиот совет за започнување пристапни преговори, мислам дека влијае негативно за Грција во однос на рамнотежата на Договорот од Преспа. Во член 1 параграф 10 од Договорот предвидено е дека политичкиот преоден период за употребата на сложеното име во документите што се издаваат во внатрешноста на договорната страна зависи од отворањето на поглавјата во пристапните преговори. Според тоа, неотпочнувањето пристапни преговори повлекува доцнење на вистинската внатрешна употреба на сложеното име, односно доцнење во однос на „ерга омнес“ употребата на името“, објаснува Венизелос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e