Велија Рамковски излезе на слобода

Како што веќе објави „Фокус“, по речиси седум години поминати во затворот „Идризово“, поранешниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски денеска излезе на слобода.

Неговата ќерка Лејла Рамковска радоста ја сподели на својот фејсбук профил, каде што објави заедничка фотографија со својот татко и сестра Емел Рамковска.

20953997_1524098444278917_2732307399731589730_n
Велија беше осуден на 13 години затвор, но како што неофицијално дознава Фокус, тој добил привремен отпуст за лекување, поради што денеска бил ослободен. Ова значи дека по неколку месеци, Рамковски повторо ќе се врати зад решетки. Но доколку до тогаш поминат 8,6 години, од моментот кога беше притворен, тогаш може да добие и целосно ослободување, бидејќи ќе одлежи две третини од казната, по што може да бара условен отпуст.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e