Велигденски мини одмор: Ќе се одмара 4 дена по ред

Велигден годинава на дел од граѓаните ќе им донесе продолжен празничен одмор од четири дена. Според календарот за 2026 година, православниот Велигден се паѓа на 12 април, што значи дека за православните верници неработен ден е и Велики петок, 10 април, додека за сите граѓани неработен е понеделник, 13 април – втор ден Велигден. Со вклучени сабота и недела, се добива целосен празничен викенд кој практично се претвора во мини-одмор.

Календарот за 2026 година покажува дека граѓаните ќе имаат неколку поволно распоредени празници што овозможуваат продолжени викенди. Како неработни денови за сите се издвојуваат 1 јануари, 7 јануари, 20 март, 13 април, 1 мај, 25 мај (како пренесен ден бидејќи 24 мај паѓа во недела), 3 август (пренесен ден за Илинден), 8 септември, 12 октомври (пренесен ден за 11 Октомври) и 23 октомври. Токму ваквиот распоред уште од сега го прави календарот корисна алатка за планирање кратки одмори во текот на годината.

За припадниците на верските заедници важат и дополнителни неработни денови. Кај православните, покрај понеделникот по Велигден, неработен е и Велики петок. Кај католиците, пак, вториот ден на Велигден се одбележува на 6 април. За муслиманските верници неработни се 20 март, кога се слави Рамазан Бајрам, како и 27 мај за Курбан Бајрам.

Севкупно, празничниот календар и во 2026 година останува комбинација од државни и верски празници, со неколку јасно изразени периоди во кои земјата значително го намалува темпото на работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e