Министерството за внатрешни работи информира дека од страна на продуцентот на играната серија „Бистра вода“ добиле известување за снимање на сцени во кои ќе биде употребено огнено оружје.
Снимањето ќе биде вечерва (21.10.2022) во периодот од 22.00 до 02.00 часот во објект на ул. „Владимир Полежановски“ во Скопје.