Вечерва во 21 часот започнува полицискиот час

Откако се зголеми бројот на заразени со новиот коронавирус, Комисијата за заразни болести препорача, а Владата одлучи да се врати полицискиот час за време на претстојниот викенд.

Утрешниот ден е прогласен за неработен ден за сите граѓани, има забрана за одење на гробишта на територијата на целата држава, а полицискиот час ќе започне вечерва во 21 часот.

Полицискиот час од ќе започне вечерва во 21 часот и ќе трае до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково,Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Додека во сите останати градови полицискиот час ќе започе вечерва во 21 часот и ќе трае до утре (5 јуни) до 5 часот наутро, додека во останатите денови ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e